НЕ ЈА ПРОПУШТАЈТЕ ОВАА ШАНСА: НАСА ве повикува да го испратите вашето име во вселената

182

НАСА им нуди на луѓето шанса да ги испратат своите имиња во вселената до крајот на оваа година на следната мисија на Јупитер, која започнува во октомври следната година.

Во 2024 година, ново вселенско летало ќе тргне кон Јупитер во обид да открие дали има живот на неговата месечина Европа. Леталото нема само да носи samo високотехнолошки сензори, туку и песна посветена на мисијата и – стотици илјади имиња на луѓе, вклучително и потенцијалното ваше.

Сепак, иако ова е првенствено научна мисија, НАСА одлучи да и даде можност на јавноста да остави свој белег. Тие ги поканија сите заинтересирани да се пријават за проектот „Порака во шише“ и да го напишат своето име на микрочипот што ќе биде инсталиран во леталото. Станува збор за силиконски микрочип со големина на монета од едно евро, а секоја линија текст ќе биде само 75 нанометри. Во превод, помалку од една илјадити дел од дебелината на човечкото влакно.

Досега се пријавиле над 450.000 лица. Значи, сè уште имате време и простор да аплицирате.

Покрај имињата на сите што ќе се пријават на официјалната веб-страница до 31 декември 2023 година, на Јупитер и Европа ќе биде испратена и песна напишана од американската поетеса Ада Лимон.

Поемата, објаснуваат тие, поврзува два водени света – Земјата, која сака да разбере што го прави светот погоден за живеење и Европа, чии тајни допрва треба да ги откриеме.

Самата песна ќе биде врежана на леталото, а заедно со микрочип со имињата на пријавените ќе патува речиси 2,9 милијарди километри до Јупитеровата Европа. Вселенското летало Европа Клипер треба да биде лансирано од вселенскиот центар Кенеди на НАСА во октомври 2024 година, а до 2030 година треба да стигне до Јупитер.

Неговата цел, во текот на неколку години орбитации околу Јупитер и Европа, е да собере детални мерења и податоци, за научниците да утврдат дали таа месечина е воопшто погодна за секаков вид на живот.