Тимот на Ред бул одлично ја стартуваше новата сезона во Формула 1 и со две еден-два победи им стави до знаење на сите кој е главен фаворит за титулата оваа сезона. На првата трка до победа дојде Макс Верстапен, додека на втората, прв низ целта мина Серхио Перез.
За време на квалификациите во Саудиска Арабија, Верстапен имаше проблеми со менувачот, па на трката стартуваше од 15. позиција и на крајот стигна до второто место. Сепак, пред крајот на трката, на пет секунди зад Мексиканецот, можеше да се слушне како тој му се жали на својот тим дека има проблеми со менувачот.
Поранешниот прв човек на Формула 1, Еди Џордан, не верува дека Холанѓанецот имал вистински проблеми и додава дека го направил тоа за да изгледа подобро во очите на сите што ја следеле трката.
- Мислам дека Макс ја преувеличи приказната за менувачот за на крајот да изгледа добро. Апсолутно сум убеден дека пред да излезе напред, му беше кажано дека ако Чеко ја води трката, а беше на пол-позицијата, не смее да оди пред него. Тоа е моето гледиште. Да го водам тимот, токму тоа би го направил и би им го кажал тоа уште пред да тргнат на патеката. Не треба да си Ајнштајн за да го сфатиш тоа. Макс даде пристоен изговор, по мое мислење, а тоа беше менувачот – порача Џордан.
Тој објаснува што го натерало да зборува за проблемот со менувачот.
- Кристијан Хорнер рече: „Не е важно што направивме, тој се врати во базата на податоци, ги погледна сите податоци и видовме сè, не најдовме ништо“. Момци!… Па, само ова е доволно за да сфатиме дека не ни треба тоа с*ање. Тоа беше ситуација кога направи нешто за да се оправда за второто место – вели Џордан.
Не сите го делат ставот на Џордан, пред сè, поранешниот возач Дејвид Култхард.
- Макс е брутално чесен тип, тој не претерува дури ни на натпревар. Тоа што го гледате е она што го добивате. Како кога праша на радио: „Кој е најбрзиот круг?“ И тие му рекоа: „Не размислувај за тоа“. Потоа тој рече: „Па размислувам за тоа“. Така што, те слушам, Еди Џордан, и знам дека си на страната на директорите на тимот и на оние што ја контролираат Формула 1. Но, мислам дека тоа што го кажа, Макс и го мислеше – заклучи Култхард.