Не попусто ги нарекуваат игри на среќа: Освоила милион евра откако продавачот запишал погрешен број на нејзиното ливче

303

„Најсреќниот играч на лотарија на светот“ доби џекпот од милион евра откако продавачката направи грешка на нејзиниот тикет.

Кинезинка купила лото ливче во кинескиот град Даљен, поточно ливче на лотаријата „Welfare“, пренесува The Sun.

„Таа сакаше да го избере црвениот број пет, но јас по грешка внесов шестка. Испадна добитна комбинација“, вели продавачот.

Да го внела бројот што го сакала ќе била побогата за само 30 евра.

По победата, на локалот беше поставено известување, со цел да се привлечат други ентузијасти.

Приказната од Кина потсетува на случајот со Миријам Лонг, добитничката на милионскиот џекпот на Powerball, пренесува Телеграф.

Погодила погрешно копче на автомат во градот Блексбург и освоила богатство.