Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека е „посветен“ да ги врати преостанатите заложници дома, откако претходно беше објавено дека израелските сили ги пронашле телата на тројцата заложници киднапирани од Хамас.
Тој истакнува дека „срцето му е скршено“ од веста дека се пронајдени телата на Ицак Гелерентер, Амит Бускил и Шани Лук.
„Мојата сопруга Сара и јас тагуваме со семејствата. Ќе ги вратиме сите заложници – и живи и мртви. Им честитам на нашите храбри сили кои со решителна акција ги вратија нашите синови и ќерки дома“, рече Нетанјаху.