Две девојчиња на возраст од 6 и 11 години се полесно повредени со нож денеска во близина на своето училиште во Соугелвејерсхајм на истокот на Франција, објавија властите.
Според жарданмеријата, 11-годишното девојче е повредено со нож пред училиштето, а другото е избоденот на блискиот плоштат. Имаат површински рани и се хоспитализирани.
Напаѓачот е приведен некако по 14. 15 часот на плоштадот, според истиот извор. Повеќе немал нож во раката и не пружал отор. „Човекот не ѝ е познат на полицијата и се чини дека неговите мотиви не биле поврзани со радикализаци“, наведе жандармеријата.
Децата се задржани во училиштето. Родителите ги чекаат пред зградата. Пред училиштето се распоредени неколку пожарникарски возила и возила на силите на редот.
„Навистина се плашам. Ни рекоа дека децата се внатре на сигурно, но не се знае кога ќе можеме да си ги земеме“, изјави Сара, една од мајките чие дете е во училиштето.