Некој му фрлил „црна магија“ на Кавани

141

Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани не е во завидна форма. Некои ја обвинуваат за тоа црната магија, чија жртва наводно е тој.

Во летото 2023 година, Кавани замина во Бока јуниорс, како слободен играч од Валенсија, но и понатаму има проблем со реализацијата.

На 19 натпревари постигна само три гола, а во 2024 година, на три меча не се запиша во листата на стрелци, што е доволна причина за загриженост.

Некои одат дотаму што тврдат дека Кавани е жртва на црна магија и дека тоа е причина за неговата лоша форма.

Според астрологот Џорџо Армас, Уругваецот наводно е жртва на црна магија, што го потврди и во интервјуто за „Оле“.

– Кавани го погоди црна магија. Добро изгледа, прогнозите на ѕвездите беа на негова страна и не е можно да не постигнува голови. Затоа мислам дека е жртва на магија.

Армас потоа апелираше до аргентинските весници да ги замолат навивачите да му помогнат да заздрави пред закажаното Суперкласико, против Ривер плата, в недела, во 21:00 часот по Гринич.

– Во многу лоша состојба сме. Енергетски сме многу слаби. Боже!… Се надевам дека ќе се подобрат работите во дербито и дека ќе имаме солидна игра. Ми требаат луѓе да ми дадат сила да „оживеам“. Мојот народ мора да ми помогне. Не смееме да критикуваме, мора да се обединиме.

Многумина ќе ги примат неговите зборови со голема резерва. Но, во Аргентина веруваат во овие работи и тоа не е ништо чудно. Останува да видиме како ќе биде Кавани на денот на дербито со Ривер плата.