Голем број спортисти ги полнат батериите на егзотични места за новата натпреварувачка сезона. Така, неколку НБА играчи решија да ја посетат соседна Грција.
Хрватскиот кошаркар Ивица Зубац и Србинката Даниела Рајиќ се погрижија Пол Џорџ и некои други НБА кошаркари добро да го паметат одморот во Грција.
Зубац е член на ЛА Клиперс, исто како и Џорџ, кој минатата година се ожени со српската старлета Рајиќ, која е родена во Њујорк.
Бројните наргиле, коктели и алкохолни пијалаци беа само дел од лудата забава на еден од грчките острови.
Зубац беше во друштво на сопругата Кристина, со која се ожени пред две години, а со нив беа и уште неколку НБА играчи.
Меѓу нив заедно со нивните избраници беа и Карл Ентони Таунс, Патрик Беверли и Патрик Патерсон, кој некогаш беше член на ЛА Клиперс.
Инаку, познато е дека одличниот кошаркар Џорџ и атрактивната бринета зад себе имаа доста бурно минато, во кое Пол наводно и понудил милиони на Србинката за да абортира. Тие двајца се во врска долги години и се венчаа минатата година по неколку контроверзии, пред сè поврзани со нивното прво дете.
Имено, откако Рајиќ остана бремена со Џорџ, тој негираше дека е татко на детето и побара ДНК-тест, по што беше докажано дека кошаркарот е родител на малата Оливија.
После тоа, овој пар нашол заеднички јазик, а во меѓувреме добиле и второ девојче на кое ѝ дале име Наташа. Најмладиот од нивните три деца е Пол Вук, роден во октомври 2021 година.