Тејлор Свифт официјално има уште еден голем обожавател. Овој пат – навистина голем.
НБА дивот Шекил О’Нил, легендата на играта под обрачите, откри за Page Six дека ја обожава Тејлор.
Тој би сакал да се сретне со неа вечерва за време на финалето на Супер Боул, во кое нејзиниот партнер Тревис Келси ќе игра во Лас Вегас.
О’Нил ќе биде таму…
„Ако ја видам Тејлор Свифт и се ракувам со неа, или фотографирам… ќе бидам добро. Таа е фантастична личност. Среќен сум за неа. Јас сум горд на неа. Таа направи многу. Таа е дефинитивно културна икона. Сакам само да се ракувам со големата“, изјави легендарниот кошаркарски пензионер.