Американскиот кошаркар Шeкил Харисон е блиску до договор со екипата на Армани Милано, пишуваат италијанските медиуми.
Армани веќе некое време бара плејмејкер, а како што стојат работите, изборот паднал на 30-годишниот Харисон, кој има долгогодишно искуство во НБА-лигата. Тој помина дури шест сезони во најсилната лига на светот, играјќи за Феникс, Чикаго, Јута, Денвер, Бруклин, Портланд и за Лејкерс.
Неодамна, пред почетокот на сезоната, потпиша договор со Мемфис, но недолго потоа се покажа како „вишок“ и доби отказ.