НБА го следи секој чекор на Риу (ВИДЕО)

218

Канадскиот кошаркар Оливие Риу (17) е највисокиот тинејџер на светот, за кого долго време се интересира и силната НБА- лига. Висок е неверојатни 229 сантиметри и забива без одраз.

ФИБА неодамна потсети на него со видео од неговите потези од Светското првенство за играчи до 17 години, во дресот на канадската репрезентација. Од минатата година, тренира на престижната Академија ИМГ во Флорида и се развива со цел да го оствари својот сон и да игра во НБА.

  • На секои три до шест месеци гледате како сè функционира побрзо, посилно, побалансирано, помобилно. Тоа е важно затоа што на високите играчи обично им треба подолго време за да се развијат, а тој се развива со вистинско темпо за супервисок играч – истакна неговиот тренер.

Веќе на 15 години и со 226 сантиметри, Риу влезе во Гинисовата книга на рекорди како највисок тинејџер на светот.