На северот на Европа почнаа вежби на борбени авиони на НАТО

110

Големи воени вежби во кои околу 150 борбени авиони од западните земји – покрај другите од САД, Велика Британија и Франција, почнаа денеска во Финска, Шведска и Норвешка, соопшти финското воено воздухопловство.

Во тие земји во близина на Русија, маневрите треба да траат околу две недели, најавија властите на Финска, нова членка на НАТО која ја предводи операцијата „Арктичкиот предизвик“.

„Вежбите започнаа“, изјави за AFP финскиот полковник Хенрик Ело.

Со пристапувањето во НАТО на почетокот на април, Финска стави крај на децениската неутралност, а потоа и военото неврзување кога Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.

„Арктичкиот предизвик“, кој се организира секоја втора година во некоја нордиска земја од 2013 година, оваа година обединува 14 земји – 12 земји членки на НАТО, Шведска во процес на пристапување во Алијансата и Швајцарија.

Во вежбата која ќе трае до 9 јуни учествуваат авиони Ф-35 од САД и неколку европски земји, француски авиони Рафал и Мираж, дански и холандски Ф-16, фински и швајцарски Ф-18 и шведски грипенс.

Авионите ќе бидат стационирани во северна Норвешка, Шведска и Финска, како и во финската база Пиркала-Тампера.

Вежбата се совпаѓа со состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Осло во недела, како и со посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен (Антони) на Финска во четврток и петок.