Најпознатата хрватска навивачка Ивана Кнол привлекува внимание каде и да се појави. Таа особено се истакнува со храброто и интересно прикажување на нејзиниот животен стил, особено преку изборот на гардероба. Со својата самодоверба привлече голем број следбеници на социјалните мрежи, а на Инстаграм има повеќе од три милиони следбеници.

Најголемо внимание привлече на Светското првенство во Катар 2022. Потоа со својот моден избор ги остави без зборови и мажите и жените. Истото се очекува и на претстојното Европско првенство во Германија, каде Ивана најави дека ќе дојде сама.

  • Имав дечко со кој бев 10 години. Се разделивме минатата година. Сега сум сингл, но не барам нов маж во моментов, изјавиа Кнол за „Билд“.

Најавува нови атрактивни модни парчиња облека за ЕУРО каде нејзината репрезентација игра во група со Шпанија, Италија и Албанија.