Холандската компанија „The Fabricant“ неодамна го продаде првиот дигитален фустан наречен „Iridescene“за 9.500 долари.
Овој фустан кој постои само во онлајн верзија го креирале „Dapper Labs“ и уметничката Јохана Јасковска.
„Iridescence“ фустанот е креиран со помош на 2Д шаблони кои се користат за конвенционална облека и софтвер за 3Д дизајнирање. Со дополнителни рендери настанало хиперреално парче облека.
https://www.instagram.com/p/BxzG8rmBjI5/?utm_source=ig_web_copy_link
Фустанот е продаден на аукција која била одржана на „Ethereal“ самитот во Њујорк и прогласен е за “првото дигитално модно парче“ на светот.
„Глобалните брендови на пазарот од реалниот свет на модата се натпреваруваат за влегување во дигиталниот моден простор за да се поврзат со “Генерацијата З““ – изјавиле претставници од брендот „The Fabricant“.
https://www.instagram.com/p/BxSRv4VFs3i/?utm_source=ig_web_copy_link