Руската тенисерка Марија Шарапова, би можела да се врати на теренот по повеќе од три години. Така барем прогнозираат некои руски медиуми, анализирајќи ги последните потези на нивниот најдобар рекет на сите времиња.

Шарапова се пензионираше пред три години, се породи минатото лето, го доби синот Теодор со сопругот Александар Гилкс, милионер од Велика Британија, добро вложи пари и сега сака да се врати на тениските терени.

„Марија во последните месеци повторно почна да се појавува во тениските кругови. Таа беше на турнирот во Монтреал, ангажирана во борбата против нееднаквоста во висината на наградните за тенисерите…“, истакнуваат во Русија.

Сибирската убавица веќе почнала да тренира, не само на тениските терени туку и во теретана со цела да си ја врати силата што и е потребна за настап на голрмите турнири.

“Се враќам на редовните тренинзи. Повторно вежбам, бидејќи цврстото тело има и силен дух”, објаснила на социјалните мрежи за својата активност во теретана без да ги открие причините за враќање на физичките активности.

Дека тренира потврдуваат и зборовите на Дарија Севил, поранешна руска тенисерка која игра за Австралија

-Очекувам уште едно враќање на мајките на теренот. Никој не тренира како неа ако не планира повторно да игра тенис, изјави Севил откако го погледна видеото што го објави нејзината поранешна сонародничка.

Инспирација за да се врати на теренот и е враќањето на Данката, Каролине Вознијацки.

-Каролине нема играно од зимата 2021 година, а Марија се пензионираше на почетокот на 2020 година, непосредно пред пандемијата со корона вирусот.

Во меѓувреме, 33-годишната Данка роди две деца, летово се врати на теренот и веќе се пласираше во осминафиналето на САД Опен.

Шарапова има 36 години, еден месец е постара од Новак Ѓоковиќ, а нејзината најголема ривалка Серена Вилијамс била на истата возраст кога се вратила на теренот по породувањето. Серена по враќањето на теренот не освои ниту еден грен слем, но одигра неколку големи финалиња.