Најавена кривична пријава против родителите: Момче осомничено за испраќање на дојавите за бомба на белградскиот аеродром

4884

Полицијата го идентификувала и пронашла момчето кое е осомничено дека испраќало дојави со бомби на адреси на неколку основни и средни училишта во Србија, како и на аеродромот „Никола Тесла“, неофицијално дознава Н1.

Техничкото одделение на МВР и белградската полиција во соработка со Вишото јавно обвинителство идентификувале и пронашле 12-годишно момче кое преку електронска пошта испраќало дојави за бомби, објавија медиумите.

Се сомнева дека бомбите ги пријавил на адреси на неколку основни и средни училишта во Србија, како и на аеродромот „Никола Тесла“.

Аеродромот во Белград беше привремено затворен во четвртокот, на 29 февруари, бидејќи беа пријавени бомби на два лета. Дојавата за бомбите денеска пристигна на аеродромот.

Во двата случаи е констатирано дека пријавите се лажни.