Настава со физичко присуство во гимназијата и неколку подрачни училишта во Центар Жупа

70

Во Општина Центар Жупа во новата 2020/2021 учебна година, за дел од ученците, пред се во подрачните училишта, ќе има настава со физичко присуство, а за дел онлајн.

Фехми Скендер, претседател на Советот на Општината, изјави за МИА дека освен за учениците од прво до трето одделение, како и во сите училишта во државава кои настава ќе следат со физичко присуство, за другите ученици делумно е дозволено наставата да се изведува на ист начин додека за дел истата ќе се изведува онлајн.

– Настава со физичко присуство на учениците ќе се одвива во гимназијата „АТА“, како и за учениците од четврто и петто одделение во училиштето „Неџати Зеќерија“ во Коџаџик, и во четвртите одделенија во неговите подрачни училишта во селата Брештани, Долгаш, Елевци и Праленик. Во ООУ„Мустафа Кемал Ататурк“ во Центар Жупа со физичко присуство на учениците настава ќе има во четврто и петто одделение во подрачното училиште во Горенци и во четврто одделение во Броштица, изјави Скендер.

Во двете основни училишта и гимназијата во оваа општина, во новата учебна година, која почнува утре, запишани се 521 ученик,к ои настава следат на македонски, турски и албански јазик.