Британскиот премиер Борис Џонсон ќе најави нови ограничувачки мерки, кои вклучуваат ново „заклучување“ на Англија на еден месец, до 2 декември, соопшти политичкиот уредник на ИТВ, Роберт Пестон.
Сите продавници за несуштинска стока ќе бидат затворени, а луѓето не треба да се собираат во затворен простор, рече Пестон.
Училиштата, универзитетите и судовите ќе останат отворени, рече тој.
Инаку, во последните 24 часа во Велика Британија се регистрирани 21.915 нови случаи на коронавирус, што значи дека вкупниот број на заразени лица во таа земја надмина еден милион.
„Од 31 јануари до 31 октомври 2020 година, 1.011.660 беа позитивни“, соопшти владата.
Како резултат на Ковид -19, 326 пациенти починале во последните 24 часа.
Извор:МИА