Рафаел Надал се опоравува од повредата која го одвои од тенисот речиси една година. Популарниот „бик од Мајорка“ напорно тренира, а како што најави напорно тренира и се подготвува за турнирот во Бризбејн кој треба да биде „загревање“ за Австралија Опен.
Сепак, Шпанецот е претпазлив.
Надал се огласи преку своите официјални канали и даде дополнителни појаснувања околу неговото враќање на теренот.
– Се плашам и се плашев да објавам работи затоа што на крајот на годината во која не се натпреварував и по операцијата, не сум загрижен само за колкот, туку и за сѐ останато. Верувам дека сум подготвен и се надевам дека работите ќе одат добро и дека повторно ќе имам можност да уживам на теренот. Се надевам дека повторно ќе ги почувствувам сите тие емоции што ги носи тенисот… истакна тој и додаде:
– Се надевам дека ќе имам способност да не го барам од себе она што го барав во текот на целата моја кариера. Времето и околностите се различни, на неистражен терен. Во текот на животот го барав максимумот од себе и се надевам дека овој пат нема да си наметнувам императиви. Морам да прифатам дека работите ќе бидат многу тешки на почетокот. Морам да си го дадам потребното време и се надевам дека ќе знам да простам ако работите тргнат наопаку на почетокот, за што постои голема можност. Свесен сум дека може да има не така далечна иднина во која работите можат да се променат, а ќе се обидам да го задржам мојот ентузијазам, мојот работен дух и да верувам дека моето тело ќе може да одговори на предизвиците, изјави Надал.
Исто така, како што истакна, Надал е решен да се врати на теренот.
– Тренирам секој ден и работам напорно за да се вратам на терените во Австралија – напиша 37-годишниот Надал на Твитер.
Да потсетиме, Рафаел Надал нема играно од јануари годинава. Последен турнир на кој учествуваше беше Австралија опен кога во 2.коло загуби од Американецот Мекензи.