Награда за најдобра анимација на кукли за „Тоби“ на Бугојнско куклено биенале

158

Награда за најдобра анимација на кукли доби претставата „Тоби“ во режија на Драгослав Тодоровиќ на Театарот за деца и младинци на 10. „Бугојнско куклено биенале“, кое од 11 до 14 септември се одржа во Бугојно, Босна и Херцеговина.

Жири-комисијата на фестивалот ја додели наградата за одличната актерска игра на целиот колектив од претставата и за нивната компатибилност и синхронизираност.

За потсетување, претставата „Тоби“ на минатогодишното 7. издание на Меѓународниот фестивал за кукларство во Подгорица освои пет награди и тоа: Гран-при за најдобра претстава, Награда за најдобра режија за Драгослав Тодоровиќ, Награда за актерско мајсторство за Марија Ѓорѓијовска, Награда за најдобро техничко-естетско решение на кукли за Ирина Сомборац, Награда за најдобра претстава од детското жири на Фестивалот.