Навивачите предизвикаа хаос во Тирана има повредени, нападната и полицијата

45

Пред денешното финале на Конференциската лига на УЕФА што ќе се одигра во Тирана, синоќа во албанскиот главен град се случија неколку инциденти.

Италијанските и холандските навивачи групирани во неколку локации во градот по насилното однесување се судрија и со полицијата. Од удар со стаклени шишиња, камења и палки лекарска помош пружена им е на шест полицајци, двајца италијански и еден холандски навивач. Приведени во полиција се 13 навивачи.

-Во хаотичната ситуација мораше да интервенира и единицата за брзо распоредување. Околу 200 холандски навивачи се упатија кон стадионот во чија близина се сместени италијански навивачи. По интервенција на полицијата ситуацијата се нормализира, пренесе Топ чанел.

Поради инцидентите и можноста тие да ескалираат полицијата издаде наредба сите угостителски и трговски објекти да се затворат пред 23 часот.

Холандските навивачи, повеќето во алкохолизирана состојба оштетиле и полициски возила, како и инвентар на угостителски објекти поставен надвор, фрлале столици и маси едни врз други при што повредиле албански граѓанин (45) кого раскрвавен и во бесознание го оставиле на улица.

Во Тирана се пристигнати десетици илјади италијански и холандски фудбалски навивачи, иако на секоја страна ѝ беа доделени само по 4 000 билети за воведното финале на третото европско клупско натпреварување.

Капацитетот на Националната арена “Ер Албанија”  е околу 20. 000.

УЕФА ја избра Тирана за домаќин во декември 2020 година, една година по официјалното отворање на новиот стадион и пред некој тим да се квалификува да влезе во дебитантски натпревар.

Во третиот по ранг на натпреварување во Европа вечерва за трофејот ќе се борат Рома и Феенорд.

Владата на Албанија  25 мај  го прогласи за државен празник, во чест на домаќинството на Тирана на финалето на Конференциската лига на УЕФА. Воведен е посебен сообрајќаен режим а подигнати се и безбедносните мерки.