Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис на завршниот митинг во Дијамантската лига во Јуџин прескокна неверојани 6,23 метри со што постави нов светски рекорд во скок со стап.

Дуплантис го подобри за еден сантиметар својот претходен рекорд, кој го постави во февруари во Клермон. Тој по седми пат го собори светскиот рекорд.

Второто место го зазеде Филипинецот Ернест Џон Обиена со скок од 5,82 метри, додека на третата позиција се најде Американецот Сем Кендрикс со височина од 5,72 метри.