Ако сте од оние кои сакааат да и се восхитуваат на уметоноста, тогаш се наоѓате на вистинското место. Ќе ја пронајдете во назнаките, боите, допирот, мирисот, и секако, во вкусот – добредојдовте во лисабонскиот музеј -рај за сладокусците.
Во Лисабон е отворен музеј посветен на Уметоста на слаткото. Ова не е класичен музеј на уметноста бидејќи овде не можете да сретнете изложени ретки предмети туку едено поинаково искуство кое ги дразни сите сетила. Овде ќе сретнете еднорози, висечки облаци, џиновски гуми за бришење, мирис на бонбони и на роза!
Музејот во Маравила навистина ја дразни фантазијата, повикувајќи ги посетителите да се нурнат во светот на розовото.
Креиран од Хуго Силва и Карла Сантос, овој музеј е направен како патување кон среќата со приајателите и семејството. Самиот пристап на музејска поставка е поинаков и пред се им овозможува на посетителите да си направат фотографии, кои следбениците на социјалните мрежи ќе можат да ги следат.
Инстаграм им е навистина омилена социјална мрежа на креаторите, кои сакале да понудат шаренолика сцена на друг зависник од социјалните мрежи:маѓепсана и мечтателна сцена за најдобрите фотографии кои што набрзо ќе ги видите насекате на мрежата!