Францускиот тенисер Гаел Монфис е дисквалификуван од турнирот во Осло, бидејќи, според официјалните лица, го повредил супервизорот Стефан Апостоло. Имено, во соблекувалната имало „шеговит разговор“ помеѓу Монфис и Апостолу, што резултирало со полесна повреда на надзорникот.
„УТС се радува што немаше злонамерна намера од страна на Гаел, но поради повредата што ја здоби службеникот, каква и да беше, почувствувавме дека нема друга опција освен да го дисквалификуваме Гаел. Тој ја прифати дисквалификацијата и се разделија со супервизорот како пријатетели, се вели во соопштението.
На турнирот во Осло учествуваат Каспер Руд, Холгер Руне, Андреј Рубљов, Беноа Пер, Доминик Тием, Алекс де Минори, Александар Бублик. Меѓу нив беше и Монфис, но Французинот беше дисквалификуван поради глупоста што ја направи во соблекувалната.