Иако се очекуваше на денешната вонредна седница на Советот на Општина Ѓорче Петров да се донесе одлука да се суспендира дел од ДУП за Градска четврт С3 16, тоа не се случи. Советниците кои претходно, на 17 февруари кренаа ракае да се донесе овој план, исто така на вонредна седница, овој пат мнозинството од нив сметаа дека не е итно и на вонредна средница да се расправа по ова прашање. – Не се усвои образложението за итност од одржување на вонредна седница и беше донесен заклучок за нејзино прекинување, истакна еден од советниците. На седницата присуствуваа и граѓани со поделени мислења, едни се за развој на општината и реализација на овој план, а други беа против
Иако се очекуваше на денешната вонредна седница на Советот на Општина Ѓорче Петров да се донесе одлука да се суспендира дел од ДУП за Градска четврт С3 16, тоа не се случи. Советниците кои претходно, на 17 февруари кренаа рака да се донесе овој план, исто така на вонредна седница, овој пат мнозинството од нив сметаа дека не е итно и на вонредна средница да се расправа по ова прашање.
– Не се усвои образложението за итност од одржување на вонредна седница и беше донесен заклучок за нејзино прекинување – истакна еден од советниците.
На седницата присуствуваа и граѓани со поделени мислења, едни се за развој на општината и реализација на овој план, а други беа против.
На донесувањето на овој план на вонредна седница на 17 февруари и тоа в сабота најпрво реагираше градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски кој побара спорниот план да се обжали пред Уставниот суд, за што потоа, Советот на Општина Карпош одржа и вонредна седница и донесе одлука за тоа. Според градоначалникот Јакимовски планот е донесен на криминален начин, а најлошо како што истакна е тоа што во него се вцртани три хемиски фабрики кои директно го загрозуваат животот на карпошани, особено на жителите на Влае.
Во однос на овој план, скопската градоначалничка, Данела Арсовска најави дека Град Скопје пред Уставниот суд ќе бара запирање на примената на изгласаниот ДУП затоа што Советот на општина Ѓорче Петров, исто така на вонредна седница на 17 февруари изгласаа измени на планот со кој се драстично зголемени од 5 ката + поткровје, на 20 ката + поткровје дозволените градби на улицата „Ацо Шопов“, но и поради тоа што во него на површина од 157 илјади квадратни метри планирана е Г2 – лесна и незагадувачка индустрија. Воедно, таа регираше и поради тоа што овој план е донесен без позитивно мислење од Град Скопје.
Воедно, Арсвска најави и кривични пријави против градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, претседателот на Советот на општина Ѓорче Петров, Ленче Нелоска и Весна Андреевска, вработена во Министерството за транспорт и врски.
– Ова е недозволиво. Нема да дозволам еколошка катастрофа и изградба на три индустриски објекти од хемиската индустрија. Ќе го спречиме незаконското носење на овој ДУП, кој е во целосна спротивност на Законот за просторот и урбанистичко планирање, но и на ГУП – истакна Арсовска на прес конференцијата која ја одржа по повод изгласувањето на планот.
Министерството за транспорт и врски пак ги отфрли обвинувањата на скопската градоначалничка Данела Арсовска, а кои се однесуваа на изгласаниот ДУП во Општина Ѓорче Петров.
Оттаму додадоа дека, според увидот што го направиле во системот на е-урбанизам, јасно се гледа дека Град Скопје дури 72 дена не одговара на бараното мислење во однос на предметниот ДУП.
– Согласно член 36 став 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, Град Скопје е должен да одговори во рок од пет работни дена од приемот на барањето во електронска форма на системот на е-урбанизам. Доколку не одговори, тогаш се смета дека Град Скопје нема забелешки и дека е дадено позитивно мислење – објаснија од надлежното министерство.
При тоа наведуваат дека во текот на постапката, Општина Ѓорче Петров до нив четири пати го доставила планот. Во три случаи, како што додаваат, Министерството дало известување за недостатоци, а дури четвртиот пат од страна на општината биле корегирани сите забелешки, по што, Комисијата за урбанизам, водејќи се од одредбите на Законот за просторно и урбанистичко планирање, како и од Законот за урбанистичко планирање, дала согласност на ДУП-от.
(А.П.)