Лудилото на СДСМ во македонското Собрание нема крај. Ова денеска го вели Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ, координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

-Во последните две седмици во Собранието на Република Македонија се пристигнати 123 предлог закони, што претставува рекорд во законодавниот дом. Владата предводена од СДСМ заедно со парламентарното мнозинство, штанцаат закони како никогаш до сега, со што се врши класична злоупотреба на институцијата. Во пресрет на предвремените парламентарни избори и на крајот на Владата на Зоран Заев, СДСМ погазувајќи ја демократијата и транспарентноста, сака преку овие закони да се додворува на гласачите, свесни дека во реалноста немаат направено ама баш ништо за македонските граѓани. Овие 123 закони парламентарното мнозинство сака да ги протне на мала врата, без никакви консултации со стручната јавност, без јавни расправи и без време пратениците од опозицијата да ги разгледаат текстовите на законите и соодветно да реагираат таму каде што има потреба. Исто така, не изостанува и континуираната злоупотреба на скратената постапка за која што СДСМ додека беше во опозиција гласно реагираше, а сега стана рекордер во донесени закони по скратена постапка каде што бројката надминува над 55% што е погубно за една демократија и најубаво го отсликува самоволието кое што владее овие три години во македонското собрание. Оваа бројка е уште попоразителна ако се земе фактот дека откако СДСМ се дојдени на власт па се до октомври 2019 односно за три години, донесени се 377 закони, а сега за само две недели до Собранието се стасани 123 предлог закони, вели Мицевски.