Мислите дека сте виделе сѐ и тогаш Кинезите измислуваат пица од змија/ФОТО/ВИДЕО

143

Американската компанија „Pizza Hut“ се здружи со ресторан во Хонг Конг за да создаде необично јадење, змиска пица, кое можете да го пробате доколку некогаш се најдете во Кина.

Новата понуда комбинира сечкано змиско месо, црни печурки и кинеска сушена шунка – сите потребни состојки на автентична змиска чорба. Некои гости во Хонг Конг и низ јужна Кина долго време уживаат во чорба од змија, особено во постудените месеци.

Многумина веруваат дека змиското месо има лековити својства, ја подобрува состојбата на кожата и го загрева телото. Богатата кулинарска култура базирана на змии е вообичаена и во други делови на Југоисточна Азија, како што се Виетнам и Тајланд, каде што змиите најчесто се одгледуваат за конзумирање.

Во официјалното соопштение на компанијата „Pizza Hut“ во Хонг Конг, се наведува дека пицата со змиско месо претставува чекор напред од конвенционалниот концепт на пица, како и дека е предизвик за нечиј вкус.

– Во комбинација со сирење и пилешко исечено на коцки, змиското месо станува побогато по вкус. Во комбинација со пица, тоа претставува скок од конвенционалниот концепт за тоа што значи да се одржи добро здравје, а истовремено да се предизвикуваат вкусовите, се вели во соопштението на Pizza Hut Hong Kong пред јадењето да се најде во продажба минатиот ноември, додавајќи дека хранливото месо може да го зајакне циркулација, крв и ова е вообичаено верување во традиционалната кинеска медицина.

Синџирот се здружи со Сер Вонг Фун, ресторан за змии во центарот на Хонг Конг со корени од 1895 година, за да дојде до најновиот рецепт. Змиската пица од 22 сантиметри е во продажба до 22 ноември. Оние кои ја пробале пицата откриле дека текстурата на змијата е слична на суво пилешко.