Министерството за надворешни работи на Србија донесе одлука да го прогласи Хрвоја Шнајдер, првиот секреатар во Амбасадата на Хрватска во Белград, за персона нон грата.
Одлуката за прогласувањето на Шнајдер за персона нон грата е донесена во солгасност со членот 9. на Австриската конвенција, која ги регулира дипломатско-конзуларните односи, е соопштено на сајтот на ресорното министерство.
„Во текот на професионалното ангажирање во Република Србија Шнајдер грубо излезе од рамките на дипломатските норми и ја прекрши наведената Конвенција. По тој повод му е врачена дипломатска нота на амбасадорот на Хрватска Хидајет Бишевиќ“, се додава во сооштението.
Како што наведуваат, министерството жали поради постапката на наведениот дипломат во изминатиот перидо, кое не придонесува за унапредувањето на билатералните односи меѓу Србија и Хрватска, добрососедската соработка и севкупното подигнување на нивото на мирот и стабилноста во регионот.
Министерството во соопштението, исто така изрази очекување дека Србија и Хрватска заеднички ќе работата на изградбата на меѓусебната доверба, а со цел остварување на заедничката европска иднина.