Министерството за култура ја презема реконструкцијата на Универзална сала

104

Правото за реконструкција на Универзалната сала конечно се пренесува од Град Скопје на Министерството за култура. На последната седница, Владата ја усвои информацијата од Министерството за култура за пренесување на правото за реконструкција на Универзалната сала.

Како што соопштија од владината прес служба, Владата го задолжила Министерството за култура, по приемот на целокупната документација од Градот Скопје, да ја согледа проектно – техничката и финансиската документација за реконструкцијата на објектот Универзална Сала и за потребните финансиски средства да обезбеди согласност за преземање на обврски на буџетски корисници за наредни три години (2024, 2025 и 2026 година).

-Владата ја задолжи министерката за култура да го склучи доставениот текст на договор за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу договорните страни во врска со реконструкција на објектот на Универзална сала во Скопје – се наведува во соопштението од Владата.