Минатата недела санкционирани 225 непрописно паркирани возила во Центар

31

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција минатата недела санкционирале 225 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од ЈП ПОЦ информираат дека 113 непрописно паркирани возила билеотстранети со помош на нивните специјални возила „пајак“, додека 112 возила кои биле затекнати во резидентни зони, биле санкционирани со поставување на „блокатор“.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици.