Кошаркарите на МЗТ Скопје поведоа и со 2-0 во финалната серија против Пелистер, откако вечерва забележаа нова победа во СЦ „Јане Сандански“ со 75:67.

Со овој триумф тимот од Аеродром е на само една победа до одбрана на титулата (јубилејна десетта), а следниот, трет натпревар, се игра во Битола.

Доколку битолчани успеат да го оправдаат епитетот домаќин и слават пред своја публика на следните два дуели предвидени во Битола, мајсторката би се играла во СЦ „Јане Сандански“.

ФОТО: П.С.