Меџити: Кој губи, има право да се лути

284

Додека Европскиот фронт се жали на прегласувањето во среда и додека го критикуваат ВРЕДИ дека нема легитимитет да ги застапува Албанците, Изет Меџити им одговара со изјава.

-Има една поговорка, кој губи има право да се лути. Но, добро е да ги пронајдат факторите за поразот, добро е да се реформираат, затоа што си нанесуваат штета на себе и на никој друг, изјави Меџити за ТВ 22.

Меџити зборуваше и за договорот од мај 2007 година, при што додаде дека тој договор предвидува победникот во македонскиот табор да формира влада со победникот кај албанскиот табор. Според него, ДУИ од етничкиот концепт премина на мултиетнички концепт и веќе не е дел од албанскиот табор.

-Во моментот кога ВРЕДИ требаше да се соочи со ДУИ, по повикот на Ахмети, тој првпат побегна, го напушти етничкиот концепт и премина на мултиетничкиот концепт. Јас велам дека е легитимно, но во моментот кога ќе излезеш со мултиетничкиот концепт и кога ќе изјавиш дека се натпреваруваш во суперлига, се натпреваруваш со ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, тогаш чекаш да се финализираат резултатите. Заклучокот од резултатите е дека ВМРО победи, а вие што се натпреварувавте со ВМРО изгубивте и одите во опозиција. Сега кога ова не им се допаѓа, Османи и Ахмети се обидуваат да се вратат кај етничкиот концепт. И тука има проблем бидејќи кога се постигна мајскиот договор во 2007 година бев во групата која разговараше со ВМРО-ДПМНЕ и го постигнавме мајскиот договор, а тоа е албанскиот победник со македонскиот победник. А во моментот кога ќе имаш мултиетничка коалиција и ќе се повикувааш на гласот на сите, не можеш да бидеш победник кај Албанците, вели Меџити.

Според Меџити апсолутен победник во албанскиот табор е ВРЕДИ, бидејќи освоил 107 илјади гласа, додавајќи дека во Македонија поради миграција нема повеќе од 200 илјади албански гласа.