Положбата на циклонот што ќе се формира на границите на топлата и студената арктичка маса ќе фаворизира пообилни врнежи од снег во одредени делови од регионот. Во новогодишната ноќ нема да има врнежи и температурата ќе биде во плус, најави метеорологот Иван Ристиќ според досегашната прогноза.
Во наредните денови ќе продолжи пролетното време, во подрачја без магла температурата ќе се движи од 10 до 15 Целзиусови степени, првиот дожд ќе пристигне во вторник на 2 јануари. Разладувањето ќе пристигне дури околу Божиќ, 7 јануари – напиша Ристиќ на својот Фејсбук профил.
Како што претходно рече Ристиќ, оваа зима ни претстојат три студени периоди кои ќе донесат студено време и снег во Европа, но и во регионот.
– Положбата на циклонот што ќе се формира на границите на топлата и студената арктичка маса ќе фаворизира пообилни врнежи од снег во одредени делови од регионот. Првиот студен период ќе започне веќе околу Божиќ и ќе трае околу 20 дена, па добар дел од јануари ќе биде вистинска зима со многу снег. Ќе биде и најстудениот дел од годината. Во денови со снежна покривка и ведри ноќи, на високите планини се очекува слаб и умерен мраз од -10°C до -5°C, силен мраз до -20°C. Максималната температура околу 0°C. Потоа со засилување на западниот тек кон крајот на јануари температурата се зголемува и се топи снежната покривка во пониските и планинските предели под 1.500 метри надморска височина. Претпладне на места ќе има слаб мраз, додека највисоките дневни температури ќе бидат меѓу 10°C и 15°C, во потоплиот период ќе дува слаб и умерен јужен ветер – вели Ристиќ.
Според него, следниот, втор студен период ќе започне околу 10 февруари и ќе трае помалку од 7-10 дена, но ќе донесе и многу снег и формирање на снежна покривка.
– Третата и последна сериозна пенетрација на студениот арктички воздух ќе биде во првата декада на март. Во март треба да се спомене зајакнувањето на сибирскиот антициклон кон нас и силно невреме. Во март највисоката дневна температура може да надмине 20 степени Целзиусови. Иако генерално зимата повторно ќе биде нешто потопла од просекот, ќе имаме солидна бројка на вистински зимски денови со снег и мраз, односно ниски температури. Обилни врнежи ќе има и во постудените периоди, претежно во форма на снег и околу 20 дена со снежна покривка во пониските предели. Зимите што ги имавме во минатиот век имаа во просек по 30 дена со снежна покривка, така што оваа година бројката е нешто помала.