Медведев: Германија се подготвува за војна со Русија

526

Поранешниот руски претседател и премиер и актуелен заменик претседател на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев тврди дека Германија се подготвува за војна со Русија.

Неговата изјава доаѓа по откритијата дека Русија прислушувала германски воени претставници.

Објавена е аудио снимка објавена од руски медиуми за која тврдат дека е конференциски повик на високи германски воени претставници за оружје за Украина, што предизвикува загриженост за можна шпионажа во Германија и бара разјаснување од Русија.

Медведев, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, на својот канал Телеграм објави дека владејачката политичка алијанса во Германија сега ќе се обиде да ја прикрие оваа ситуација.

Медведев го нарече германскиот канцелар Олаф Шолц „мирен тип“ кој одбива да испорача ракети со среден дострел на Украина.

Никој не знае дали врвните политичари и канцеларот се свесни, но дури и да не се и да не наредиле такво нешто, историјата памети многу примери каде армијата решила да започне војни или ги охрабрувала“, рече Медведев и додаде. :

„Ќе дојдат кај Шолц и ќе му кажат: Господине канцеларе, во Украина е соборен проектил. Судејќи по типот и рутата, тој летал за Берлин. Што ќе одговори Шолц на тоа? Јасно е како ден“.

Германија се подготвува за војна со Русија“, заклучи Медведев.