МВР: Приведени двајца криминалци од Арачиново барани по потерница

456
Man's hand is locked with the handcuffs

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје во содејство со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска во  3.30 часот во Арачиново ги лишиле од слобода А.Љ.(31)  и А.С.(35), двајцата од ова скопско село.

-А.Љ. бил осуден на казна затвор од осум години и шест месеци за сторени кривични дела „криумчарење мигранти“ по член 418 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот, каде што имал за доиздржување четири години и три месеци од казната, информира МВР.

 

 А.С. бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од 10 месеци за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик.

-Лицата биле предадени во Полициската станица Гази Баба, по што ќе бидат спроведено во надлежнита казнено-поправни установи за издржување на казните, наведува Министерството за внатрешни работи.