Матичната компанија под која работеше Банката на Силиконската долина – пред банкрот

72
EPA-EFE/CJ GUNTHER

SVB групацијата поднесе барање за реорганизација под судски надзор во рамки на заштитата од стечај.

Се наведува дека банката бара купувачи за својот имот, неколку дена откако нејзината поранешна единица Банката на Силиконската долина (SVB)беше преземена од американските регулатори.

Потегот за барање заштита од банкрот доаѓа откако компанијата на 13 март соопшти дека планира да истражува стратешки алтернативи за својот бизнис.

Акциите на големите американски банки паднаа за повеќе од 1,5 отсто во претпазарното тргување. Регионалните банки вклучувајќи ги PacVest и First Republic Bank паднаа меѓу 10% и 20%.

Регулаторите во Калифорнија минатиот петок ја затворија Банката во Силиконската долина, што е втор најголем банкрот во Америка по колапсот на Вашингтон Мјутуел за време на финансиската криза во 2008 година.

Колапсот ги осакати банкарските акции и предизвика загриженост на светските пазари.

Технолошкиот заемодавач беше принуден да го продаде портфолиото на трезорот и хипотекарни хартии од вредност на Голдман Сакс. Компанијата во петокот соопшти дека има околу 2,2 милијарди долари ликвидност. На крајот на минатата година таа сума изнесуваше 209 милијарди долари.