Масовно пукање на универзитет во САД, неколкумина се повредени/ВИДЕО

107

Неколкумина се повредени во пукање, што се случило доцна синоќа во близина на универзитетскиот кампус во Балтимор, соопшти полицијата.

Полицискиот оддел во Балтимор објави дека одговориле на пукањето во близина на кампусот на Државниот универзитет Морган.

Универзитетот исто така ги повика студентите и нивните семејства да ја избегнуваат областа и да се засолнат. Универзитетот има околу 9.000 студенти.