Март ќе биде многу напнат месец за три хороскопски знаци

846

Во текот на март, Сонцето ќе биде во Риби, што значи дека емоциите ќе бидат многу поизразени. Според астролозите, сонцето ќе ги здружи силите со Нептун на 10 март, кога сите ќе бидеме на врвот на чувствителноста.

Ќе ни се чини дека сè е потешко отколку што е всушност, но веќе на 13 март, ќе бидеме полни со некоја романтична енергија – поради што многумина ќе велзат во врски без да размислат претходно.

Во секој случај, во март ќе има голема напнатост, а сето тоа најмногу ќе го почувствуваат луѓето родени во знакот на Бик, Лав и Стрелец.

Еве што точно можете да очекувате.

Бик: Ќе откриете некои лични вистини

Во сезоната Риби, која завршува на 20 март, вашите емоции ќе бидат многу интензивни и „тешки“, но наместо да се обидувате да избегате од нив, обидете се да ги прифатите. Ова, всушност, ќе ви помогне полесно да преболите сè и да ги залечите старите рани. Нема ништо лошо во каква било емоција што ја чувствувате, а кога ќе ја прифатите, веќе сте на половина пат да се чувствувате подобро.

Лав: Ве чека интензивен период

Во сезоната на Риби, вие ќе бидете болно свесни за сите работи што сакате да ги промените во вашиот живот, како и за лошите навики што сакате да ги промените. Нема да ви биде лесно, ќе се преиспитате и ќе почувствувате страв од промени, но имајте во предвид дека секогаш е така со промените и обидете се да гледате напред.

Јарец: Ќе ги решите скриените проблеми

Луѓето родени во знакот на Јарец ќе мора да се занимаваат со некои многу чувствителни теми во текот на сезоната на Риби. Ќе треба да се фокусирате на деловите од вашиот живот што никој друг не ги гледа. Можно е да имате некои несогласувања во семејството, но тоа ќе ве охрабри конечно да зборувате за сè што ве мачи. Ако вложите малку напор, по овој период, семејните односи ќе бидат многу подобри.