Романтично запросување се претвори во комедија поради неочекувана натрапничка/ВИДЕО

173
Pexels

Она што требаше да биде романтично запросување во швајцарските планини, заврши како вистинска комедија, откако се појави неочекуван гостин – коза.

Кевин Солероз решил да го сними запросувањето на својата девојка на планините во близина на Андермат, со намера да ги овековечи овие романтични моменти.

Во урнебесното видео, Солероз ја фрла чашата на земја и истовремено паѓа на едното колено за да го извади прстенот. Она што изгледаше како романтичен гест се преврте наопаку кога коза влезе во кадарот, го украде шоуто и ја сруши камерата.

Солероз го објави видеото на Инстаграм каде напиша дека „дефинитивно ќе го памети ова“. Во видеото тој напишал дека неговиот предлог бил „уништен од коза“, пренесува Кликс.

Зборувајќи за Storyful рече дека животното ја направило приликата навистина урнебесна. Сепак, козата која го украде центарот на вниманието на видеото не ја спречи вереницата на Солероз да каже да.

Видеото беше споделено на социјалните мрежи, а само на TikTok беше прегледано не повеќе од милион пати.

@thesun A romantic proposal in the Swiss mountains turned out to be quite the comedy 🎥: Kevin Solleroz via Storyful #fyp #foryoupage #fail #engagement #engagementfail #funny #viral #goat ♬ original sound – The Sun