Македонија си поигра со Бугарија

136

Убедлива победа од 3:0 во дуелот за третото место против селекцијата на Бугарија, забележа одбојкарската репрезентација на Македонија. Селекторот Матијашевиќ мора да биде задоволен од одиграното на оваа средба и од освоеното трето место на турнирот „Чајка“.

Нашите одбојкари ги очекуваат уште две контролни средби во Австрија со домашната селекција, по што ќе следи премиерниот настап на едно Европско Првенство.

ФОТО: П.Стојановски