Палење на стрниште денеска попладне можеше да предизвика пожар од пошироки размери кај месноста Каменарски рид во Македонска Каменица.
Како што информираше Малин Трајчевски од Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица пожарот бил локализиран околу 18.00 часот.
– Денеска во 14:30 минути имавме дојава за пожар кај месноста Каменарски рид. Екипа на ТППЕ од М.Каменица составена од двајца пожарникари и едно против пожарно возило веднаш се упати на споменатата локација и започна со гаснењето на пожарот. Во гаснењето се вклучи едно лице од месното население како и едно лице вработено во Шумско стопанство при што пожарот целосно беше локализиран во 18.00 часот. Во пожарот беа зафатени осум хектари сува трева, трње, папрат и мал дел букова шума, информира Трајчевски.
Од каменичката територијална противпожарна единица апелираат граѓаните да се воздржуваат од палење стрништа, бидејки во случај како денешниот, штетата може да биде голема.
Пред неколку дена пожарникарите од М.Каменица интрвенираа во две акции на запалени оџаци кои за среќа не предизвикаа материјална штета.