Лавров: Санкциите потешко ја погодија Европа отколку Русија

274

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во интервју за Радио-телевизија на Република Српска, зборуваше за санкциите кои Западот и вги наметна на Русија по нивната агресија на Украина и истакна дека тие потешко ја погодиле Европа отколку неговата земја.

„Таму сега паѓа животниот стандард, инфлацијата расте…Ја научивме лекцијата. Никогаш повеќе нема да се потпираме на тие луѓе. Нема со нив ни да разговараме. Кога ќе престанат да лудуваат и кога ќе се смират, тогаш ќе видиме што имаат да кажат“ – изјави Лавров.