Јавното претпријатие „Лајка“ кани на фудбалскиот натпревар ФК „Вардар“ – ФК „Македонија Ѓорче Петров“, што ќе се одржи утре со почеток во 16 часот.
Пред почетокот на фудбалскиот натпревар фудбалерите на ФК „Вардар“ ќе продефилираат со кучињата од ЈП „Лајка“, кои бараат дом.
-Нависитина би ни значела вашата поддршка и присуство на овој натпревар, на кој фудбалерите ќе промовираат вдомување на кучиња – велат од претпријатието.