EPA-EFE/ADAM DAVIS

Марк Кјубан, сè уште актуелен сопственик на Далас, одлучи да го продаде најголемиот дел од акциите на НБА-франшизата, објави Шемс Чарнија. Според доверливиот НБА-инсајдер, семејството Аделсон било прво на ред за купување на Маверикс.

Миријам Аделсон, четвртата најбогата жена во светот и сопственичка на компанија чија примарна дејност се хотелите и казината во Лас Вегас, продаде акции во вредност од две милијарди за да дојде до потребниот капитал. Наводно, за купување на Далас, биле издвоени 3,5 милијарди долари. За споредба, Кубан го купи тимот од Тексас во 2000 година за 285 милиони долари.

И не само тоа, покрај продажбата, тој ќе ја задржи контролата врз клубот, пред сè врз кошаркарските операции на тимот, кој играше во плејофот во 18 од 23 сезони откако тој е сопственик и ја освои првата титула во 2011 година.