EPA-EFE/Terje Bendiksby

Австрискиот ски-скокач Штефан Крафт повторно се најде на победничкиот подиум, но овој пат на највисокото место. Тој имаше летови од 224 и 217 метри за вкупно 433,5 бодови. Ова за него е 40. победа во Светскиот куп, со која се искачи на третото место на вечната листа пред Полјаците Адам Малиш и Камил Штох, кои беа најдобри по 39 пати.

Крафт сега ја брка финската легенда Мати Никенен, кој во кариерата постигна 46 победи, додека прв на вечната листа е Австриецот Грегор Шлиернкауер води со 53 триумфи.

Во генералниот пласман води Крафт со 1.546 бодови, втор е Кобајаши со 1.277, а трет Германецот Андреас Велингер со 1.178 бодови.