Личното богатство на британскиот крал Чарлс Трети се зголеми за десет милиони и сега изнесува вкупно 610 милиони фунти! Како што објави „Дејли мејл“, кралот Чарлс Трети сега е побогат од неговата мајка кралицата Елизабета Втора, чиј личен имот бил проценет на 370 милиони евра.
Кралот, кој ја презеде функцијата пред неполни две години, моментално се наоѓа на 258. место на листата на најбогати луѓе во Велика Британија. Минатата година, Чарлс III беше на 263-то место на оваа листа. Британскиот монарх го зголеми своето богатство благодарение на зголемувањето на вредноста на недвижниот имот што го поседува, а кој претходно и припаѓаше на кралицата Елизабета Втора.
Списокот на имоти на кралот Чарлс III ги вклучува само неговите лични имоти, а не и оние што ги поседува кралското семејство. Потсетуваме дека британската кралица Елизабета Втора почина на 8 септември 2022 година.
Интересно е што кралот Чарлс не е најбогат меѓу јавните личности, односно оние кои се занимаваат со државни работи. Британскиот премиер Риши Сунак и неговата сопруга Акшата Мути заработија нови 120 милиони фунти во последната година. Вредноста на нивното богатство се проценува на 651 милион фунти.