Екипите на Партизан и на Монако одиграа неизвесен натпревар. На крајот, победи српскиот тим, а гостите беа незадоволни од арбитражата. По натпреварот, тренерот на Монако, Александар Обрадовиќ, истакна дека ова бил тензичен натпревар, на кој можеле да победат двете екипи.

Сепак, повеќето играчи на Монако удрија по судиите на оваа средба, сметајќи дека ги оштетиле во повеќе ситуации, на сметка на Партизан.

  • Што да ви кажам, ова е срам за Евролигата, она што се случуваше е срам за организаторот! Никогаш во кариерата не сум зборувал за судиите и за лошите одлуки, но ова ја прелеа чашата. Судиите правеа грешка по грешка. Ме интересира каков ќе биде нивниот извештај за натпреварот – истакна Донатас Мотиејунас.

РЕЗУЛТАТИ: Анадолу Ефес – Панатинаикос 71:68, Алба Берлин – Жалгирис 64:62, Олимпијакос – Реал Мадрид 71:77, Баерн – Милано 91:84.