Кога акумулираните чувства доведуваат до болест: Црниот дроб страда од лутина, а тироидната жлезда од неискажани зборови

334
Фото:пекселс

Она што се акумулира во нас на крајот се претвора во болест која може да не убие. Сите ние генерално почнуваме да се занимаваме со саморазвојот дури откако ќе живееме одредени искуства кои создаваат многу потиснати негативни емоции, додека некои од нив се случуваат во раното детство, па дури и во пренаталниот период, така што имаме многу нејасни емоции бидејќи не ни е јасна причината за нив.

Понекогаш еден живот е премногу краток за да ги освестиме сите овие емоции, често учиме да ги потиснуваме уште подлабоко мислејќи дека сме се исчистиле, пренесува Тајмс оф Индија.

Ова особено се случува кога земаме антидепресиви и седативи бидејќи тоа е најмоќниот начин за блокирање на емоциите, односно заборавањето, а во исто време и најдобриот начин за потиснатите трауми повторно да оживеат преку болеста. Секоја болест го претставува одговорот на нашето целокупно енергетско тело, тоа е резултат на нашата мисла и емоционални вложувања.

Нашиот живот е составен од само 1% настани, останатите 99% се реакции на настани. Всушност, целиот наш живот го поминуваме обработувајќи и варејќи одредени животни удари и трауми.

Објективно, она што го доживуваме како удари се животни лекции и испити кои нè враќаат на себе, со основната порака дека не можеме да излеземе надвор додека не се прифатиме однатре.

Во раното детство, ние сме многу чувствителни, приемчиви и сè што мислат и чувствуваат нашите родители го презема нашиот несвесен ум како програма, исто како што претходно го преземавме генетското наследство како програма. Значи, ние не сме празен лист, туку доаѓаме на овој свет како програмирани информации.

Затоа имаме навика да ја повторуваме истата мисла одново и одново бидејќи не можеме да се ослободиме од неа иако ни пречи. Болеста секогаш го напаѓа оној дел од телото што е најслабата алка, односно каде се акумулирани негативните емоции и нашата желба да ги блокираме, скриеме и заборавиме.

Кога се „честиме“ со чир на желудникот, доаѓаме во ситуација да треба да го избереме начинот на исхрана, што всушност ја претставува потребата за контрола и селекција на емоционално ниво. Тироидната жлезда е исполнета со неискажани зборови кои сме ги „проголтале“ на наша штета, општо земено, нарушување на тироидната жлезда или чакрата на грлото претставува проблем на комуникација и вербално изразување.

Општо земено, само кога темелно ќе го уништиме нашето тело, се сеќаваме дека мора да внимаваме на стресот, да не се заморуваме, докторот ни забранува алкохол, цигари, масна и тешка храна, а ние се надеваме се дека апчињата ќе ни помогнат да го поправиме оштетени структури во нашето енергетско тело, што никогаш нема да се случи. Лековите не влијаат на програмите. Програмите се информации од потиснати емоции кои им даваат инструкции на клетките како да се однесуваат.

Заборавањето е најлошиот начин за решавање на проблемот, понекогаш ќе се појават духовите од потонатиот брод, но најчесто тие ќе претставуваат невидливи и нејасни препреки и блокади, па ќе имаме чувство дека некоја невидлива сила нè кочи и нè спречува напредок, дека едноставно не ни оди добро, а не ни знаеме зошто итн.

На крајот на краиштата, кога ќе се обидеме да заборавиме некои работи во животот, нашиот ум ќе го преземе заборавот како одбранбен механизам и ќе почне неселективно да заборава, па ќе ги заборавиме пријателите, обврските, родендените и ќе станеме неодговорна личност и на крајот ќе станеме целосно безлични и веќе никој нема да може да смета на нас, па и самите ќе паднеме во заборав.

Срцето страда од блокирани емоции кои не сме ги покажале од страв, црниот дроб собира лутина, а желудникот собира необработена содржина, нешто што не сме можеле да го „изџвакаме“, со кое не сме се помириле, а како како резултат имаме гастритис или чир на желудникот.

Едноставно, за се има одредена аналогија и каузалност, ако не сме доволно свесни за себе и за нашето внатрешно јас, неминовно сме осудени на животни драми и конфликти.