Книга: „Менталист“ – интересен трилер

109

„Менталист“ на Камила Лекберг и Хенрик Фексеус е интересен енигматичен трилер чие дејство е сместено во забавен парк на периферијата на Стокхолм каде се појавува тело на брутално убиена жена во кутија избодена со мечеви.

Додека полицијата е збунета, новинарите го нарекуваат убиецот Худини. Дали се работи за магионичарски трик што тргнал наопаку или за шокантно садистичко убиство? Ова е злосторство какво што детективката Мина Дабири не видела досега. И тоа е само почеток… Како што се продлабочува мистеријата за бруталното убиство, Мина бара помош од познатиот менталист Винсент Волдер. Само тој може да ѝ го претстави тајниот свет на илузиите. Наскоро откриваат дека жртвата го има изгравирано римскиот број III на ногата. Одбројување? Да, ќе има уште убиства. А и Винсент и Мина имаат мрачни тајни, така што станува очигледно дека и нивното минато е поврзано со она што се случува…