Регионалната СЕХА Лига останува без еден тим. Станува збор за Пекинг Универзитет, кој во регионалното натпреварување се приклучи минатата сезона. Оваа информација ја потврди Директорот на ППД Загреб, Ведран Шупуковиќ.
Коронавирусот направи вистински хаос во спортот, клубовите останаа без дел од приходите, па буџетите за новата сезона не се исти. Токму затоа и Кинезите се одлучија на ваков чекор.
-Кинезите дефинитивно се откажаа, мислат дека на есен нема да имаат можност да играат СЕХА-лига, изјави Шупуковиќ за „Спортске новости“.