Виз Ер Скопски маратон отсекогаш важел за еден од најголемите спортски настани кои се случуваат во нашата држава, а за тоа најдобро говори бројот на учесници оваа година кои продефилираа низ улиците на нашата метропола.
Најдобриот македонскиот атлетичар Дарио Ивановски постави време од 2:19.08 и заврши трет на Скопскиот маратон, а воедно урна државен рекорд од 1964 година, кој му припаѓаше на Трпе Мартиновски. Тој го урна националниот рекорд и пред две години, но Атлетската федерација на Македонија (АФМ) не му го верификуваше резултатот (2:21.27), меѓутоа најдобриот македонски атлетичар овој пат имаше подобро време и го урна рекордот од 1964 година, кој претходно го постави Мартиновски со време од 2:25.06.
Виктор Киплагат од Кенија победи во машка конкуренција, додека во женска конкуренција најбрза беше неговата сонародничка Рут Матебо. Киплагат ја истрча патеката долга 42 километри за 2:15.09 часа, додека Матебо имаше време од 02:44.17 часа.
Втор низ целта помина уште еден Кениец, Чериот Лабан, кој ја истрча трката за време од 2:16.03.
Што се однесува кај дамите, втора беше Мерси Кипкемои со 2:44.52, додека третата позиција ѝ припадна на Марија Врајиќ со време од 3.12.51.
Во полумаратонската трка најбрза кај дамите беше Поп Арсова со време од 1:21.19, по што следуваа Греша Бакрачи со 1.23.20, а трета беше Наиле Сеферај со 1:29.53.
Кај мажите на полумаратонот најдобар беше Бен Фелтон од Велика Британија со 1:09.17, по што следуваше Србинот Велимир Бојовиќ со 1:09.55, а трет беше Леонид Вандевски со 1:10.10.